ПОЛИЦАЕЦ ИСПУКАЛ ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ИСТРЕЛ КОГА АГРЕСИВНО ЛИЦЕ ГО НАПАДНАЛО СО ОСТАР ПРЕДМЕТ

ноември 5, 2021
1 минути

На 04.11.2021, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода С.Р.(45) од с.Облешево, општина Чешиново-Облешево бидејќи околу 09.00 часот во с.Облешево, агресивно се однесувал кон вработени од Центарот за социјални работи Кочани, а се обидел со остар предмет да нападне полициски службеници, поради што бил испукан еден предупредувачки истрел во воздух од службен пиштол.

По комплетирање на случајот против С.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

ИЗВОД:  Дневни билтени на СВР Штип