Незадоволен од индолентниот однос на институциите во земјата како и на Општините во Скопје а преди се од понижувачкиот однос на дел од жителите на главниот град на Македонија, денес нашиот сограѓанин Мартин Кировски за да го сврте вниманието токму на нив, во центарот на Скопје изведе герила акција која наиде на големо одобрение kaj жителите во „градот на оризот“ а посебно кај дел од оние кои беа повредени или кои го загубија она најсветото во дискотеката „Пулс“.
Откако Мартин го одврзаа од столбот на кој висеше на целата јавност и се обрати со зборовите:
„Толку ли брзо не заборавивте? Нашиот сограѓанин Мартин Кировски јасно и гласно ја испрати пораката во името на секој кочанчанец. Тој се врза за бандера во центарот на Скопје за да пренесе една болна вистина: Толку ли брзо не заборавивте? Пред неколку дена дојдоа деца од Кочани кои немаат прсти на рацете. Тие се пуштени од болница, но цел живот ќе живеат без раце. Па, ако ништо друго, да им помогнеме на тие деца. Толку ли брзо нне заборавивте нас од Кочани? Зошто овој град 30 години никогаш не бил важен? Нека ова биде пример да направиме нешто за Кочани. Наместо да се отвораат нелегални дискотеки, нека изградат културен центар, спортски центар, нека отворат градско кино. Наместо децата да одат по такви места и да се глупираат, нека одат во кино, нека гледаат филм. Треба нешто да се направи за овој град. Ова што се случи нека биде поттик Кочани малку да заживее. Ако не се преземе ништо, работата ќе оди на многу полошо. На мене ми загинаа пет другари. И некој ме прашува: „Нема ли да те биде срам што си врзан?“ Јас сум врзан духовно. Тој јасно ја испрати најважната порака дека на Кочани му е потребна голема помош и дека повредените деца не треба да бидат заборавени. Затоа, сите што сте во можност, донирајте на Support Kocani, бидејќи битката на тие деца не е завршена“.
Патем, Мартин во дискотеката изгуби пет другарчиња а неколку останаа повредени ќие лекување се предвидува дека ќе трае подолг период и дека токму нституциите се тие кои треба да им помогнат за да повторно здраво застанат на нозе.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ