ИВАН ИВАНОВ – НОВ ДИРЕКТОР НА КЈП „ВОДОВОД – КОЧАНИ

декември 1, 2021
1 минути

Од денеска Иван Иванов е новиот в.д. директор на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ – Кочани. Иванов доаѓа на местото на досегашниот директор Андреј Киров. Во присуство на градоначалникот Љупчо Папазов утрово беше извршено примопредавање на раководната позиција.

„Денес е прв ден од моето назначување за вршител на должност за раководител на КЈП „Водовод“ – Кочани. Денот ќе го искористам во запознавање, односно скенирање на состојбата на претпријатието, запознавање со вработените. Предизвикот да се биде на оваа функција е голем, одговорноста е уште поголема. Ќе го вложам целото мое знаење и умеење „Водовод“ да го направам европска фирма, а граѓаните на Општина Кочани ќе ги добиваат потребните услуги кои ќе ги испорачува ова претпријатие“ истакна новоназначениот директор Иванов.

Според Андреј Киров, КЈП „Водовод“ го предава на новото раководство во одлична материјално-финансиска состојба.

„Од денес КЈП „Водовод“ има нов директор, јас сум внатрешно лице и останувам овде каде што ќе бидам од помош на новите лица и новата менаџерска структура во „Водовод“. Претпријатието има реализирано значајни инвестиции и очекувам и во иднина да продолжи така“ соопшти Киров на предавањето на највисоката позиција во КЈП.

Општина  Кочани