ЧЕТВРТИОТ МЕМОРИЈАЛЕН ШАХОВСКИ ТУРНИР „ТОДОР МИЛОСИЕВ – ТОШО“ ЗА ВАНЧО СТАМЕНКОВ

Во Спорт
мај 11, 2025
0 минути

Дваесет  шахисти од Кочани одиграа седум кола по Швајцарски систем од по 10 минути на  четвртиот по ред Меморијален шаховски турнир „Тодор Милосиев – Тошо“ кој Шаховски Клуб „Кочани“ го организираше во знак на сеќавање на некогашниот нивни натпреварувач а подоцна и Претседател Тодор Милосиев – Тошо.

Шахистите од различни генерации меѓу кои и четири ученика од ООУ „Св. Кирил и Методиј“ одиграа доста интересни и содржајни партии.

По седумте одиграни партии со 6 освоени поени победник на годинешниот турнир е Ванчо Стаменков, Второто место му припадна на Гоце Ѓоргиев а третово на Бошко Стаменковски кои освоија по 5 поени. Пет поени освоија и Милчо Стефановски и Владо Јовановски но според Бухолц правилото беа одредени второпласираниот и третопласираниот.

Тројцата најуспешни од организаторот на турнирот добија плакети кои им ги  врачија Марија Георгиева и Ленче Србиноска ќерки на Тодор Милосиев – Тошо.

Турнирот со своето присуство го збогатија и Венко Крстевски в.д. Градоначалник на Општина Кочани кој воедно и го прогласи за отворен, како и Воислав Мерџаноски – Претседател на Шаховската Федерација на Македонија и Зоран Стојчевски, член на УО на Шаховската Федерација на Македонија.

Турнирот  одлично го организираше шаховскиот Клуб „Кочани“ – Кочани, а покровител на истиот беше Општина Кочани.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ