САПОРТ КОЧАНИ ПРЕКУ АПТЕКИ „ЗЕГИН“ ФОНДАЦИЈА „ДР. ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА“ ОБЕЗБЕДИ ДОНАЦИЈА ЗА ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ

мај 16, 2025
1 минути

Новата донација за Општа болница со проширена дејност – Кочани им беше доставена денес. Дел од тимот на Сапорт Кочани заедно со претставници од Аптеки „Зегин“, фондација „Др. Верица Механџиска“ денес на в.д. директорката на Општа болница со проширена дејност Кочани и врачија комбинирана маса за вежбање за потребите на медицинската рехабилитација, како и 200 респиратори за вежби за белите дробови.

„Голема благодарност до аптеките Зегин, фондацијата “Др. Верица Механџиска” и до Support Kocani за денешната донација на 200 респиратори и комбинирана маса за вежбање за потребите на медицинската рехабилитација.

Овие 200 респоратори се за подобрување на белодробниот капацитет кај повредените од пожарот кои доаѓаат на одделот за физикална медицина. Истите респиратори ќе им бидат дадени на повредените во нашата установа во наредните денови“ објавија на својата страна од Општа болница со проширена дејност – Кочани..

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ