ХУМАНОСТА НА ДЕЛО, СОБРАНИ ПОТРЕБНИТЕ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА НАТАША СТЕФАНОВА ОД КОЧАНИ

октомври 23, 2021
0 минути

Благодарение на хуманите граѓани од Кочани, регионот и од цела држава како и на оние од странство за кратко време откако беше објавено во медиумите, се собраа потребните средства за лекување на 27 годишната Наташа Стефанова од Кочани.

Финансиската помош и е потребна за лекување и отстранување на туморот на мозокот, болест со која се соочува скоро две години. В понеделеник Стефанова  со придружник од нејзиното семејство заминува за Турција на закажаната операција.

Лекарите од Македонија на два наврати пробале со операција да и го извадат туморот но не успеле во целост поради специфичноста на местото на туморот и сериозноста на последиците. Затоа  ја праќаат  на трета операција во Истанбул, Турција каде што имаат пософистицирана опрема за такви оперативни зафати.

Во меѓувреме туморот во голем процент и ги оштетил очите но,  и прави и други проблеми  поради што  не смее  Наташа да  чека премногу. Операцијата во Истанбул чини 23 илјади евра. Дел од финансиските средства  покрива фондот а дел помогнаа граѓаните со својата хуманост. Наташа се заблагодарува на сите кои несебично и помогнаа да ги собере парите и да замине за Турција.