Поради финалниот натпревар во Купот на Македонија натпреварите во Втора Фудбалска Лига се презакажани и наместо тие да се играат во постојаниот термин во Сабота, истите се на програмата во Недела со почеток во 17:00 часот.
На дното се е познато, Вардарски и Борец ја напуштаат лигата, додека Осогово ќе игра бараж натпревар со една од екипите победници во петте региони.
Шампион е екипата на „Македонија ГП“ која е веќе новиот прволигаш додека за втората позиција ќе одлучува последното коло кога ќе се знае од Аресими и Башкими која екипа ќе биде нов прволигаш.
Засега е така, но ако ФФМ (која очигледно е дека нешто тактизира), не донесе некоја ново одлука по денешната по која натпреварот Кожуф-Башкими е регистриран како одигран но ниту една екипа не добива бодови а и погодоците не важат, се може да се случи.
Двојки од 30-тото коло:
Осогово – Вардарски
Борец – Охрид
Брегалница – Башкими
Детонит Плачковица – Победа
Скопје – Каменица Саса
Кожуф – Новаци
Македонија ГП – Беласица
Вардар – Аресими
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ