Успешната приказна на Златко Николов продолжува. Изминатите два викенди Николов имаше успешни настапи.
На двете трки што ги трчаше Николов успеа да стигне до првото и второто место, што со оглед на тежината на патеките е успех за почитување.
Најпрвин настапи на трката „Ljuboten Sky race“ и патеката во должина од 23 километри и 1.650 метри искачувањеа ја истрча со време од 2 часа и 45 минути што му го донесе второто место на пиедесталот.
Втората трка му донесе и победа. На трката „Peshtani extreme vertical“ патеката долга 5 километри и 1.100 метри искачување ја истрча за 59 минути и му го донесе првото место,
За одбележување на оваа трка е и настапот на Анита Китанова која постигна резултат за почитување.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ