СООПШТЕНИЕ ОД ГФК „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 16, 2024
1 минути

Почитувани,

ГФК Осогово утре 17.02.2024 год. на гостински терен против лидерот во Втора лига, тимот на Беса ке го одигра првиот натпревар од пролетнот дел во Втора МФЛ.

За пролетниот дел Осогово се засили со неколку играчи, најпрво на клубот му пристапија Екрем Мемеди од Башкими и Стојче Стојов од Каменица Саса. Осогово се засили и со Александар Трајчевски од Каменица Саса (поранешен играч на Вардар,Кожуф,Слога Виница, Детонит), Климент Филев од Караорман од Струга, Иван Станојев од Слога Виница, Александар Стоименов-голман се врати од Малеш каде настапуваше минатите шест месеци. Од тимот на Работнички нови играчи се Фикрет Љиварека 19-ет годишен напагач (член на репрезентацијата до 19 год) и Андреј Љубевски одбранбен играч (член на репрезентацијата до 18 год). Овој преоден рок Осогово се засили и со младиот Јован Заревски од Силекс и Михаил Стаменков од Слога Виница.

ГФК Осогово

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ