Денес одделението неврологија при ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Кочани, доби нов апарат – електромиограф кој се користи за испитување на функциите на периферниот нервен систем (периферните нерви и мускули) во состојба на мирување и движење.
Со него може брзо да се потврди, да се постави дијагноза за болеста или повреди на нервниот систем, дисфункција на мускулите или проблеми со преносот на сигналите од нервите до мускулите а со истиот ќе работи тим кој е обучен и сертифициран на Клиниката за неврологија – Скопје.
По самото завршување на административните работи ќе биде пуштен во функција со што ќе се овозможи пациентите кои имаат потреба од ова испитување да не се упатуваат до Скопје.
Донацијата е овозможена од менаџментот на одговорно општествена компанија, која сакаше да остане анонимна а се наоѓа во градот на виното.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ