По повод големиот муслимански празник Курбан бајрам, в.д. Градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски упати честитика до граѓаните со исламска вероисповед во која се вели:
„Почитувани сограѓани од исламска вероисповед,
Дозволете да Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам, со желби за многу успех во животот, благосостојба и среќа.
Денешниот празник нека биде повод за споделување на радост со најблиските, потсетување дека треба да помагаме и да ги отвориме срцата за љубов и солидарност. Со заедништвото и меѓусебното помагање заеднички се стремиме кон што подобро општество за сите.
Нека е честит Курбан бајрам!“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ