За случувањата минатата седмица кои беа тема број 1 во градот а се однесуваа на соопштението на в.д. Градоначалникот Венко Крстевски и на дописот од Угостителите од ламела А во трговскиот центар, наш читател ни испрати своја реакција за настаните од негов агол која ви ја презентираме онака како што ни е испратена. Во реакцијата се вели
„Будно ги следев објавите на ведето и на сопствениците од пицериите и кафеаните од блок А во трговскиот центар, По она што го прочитав од двете страни се е јасно и ништо не е јасно. Ведето градоначалник пишува дека ако имателите на угостителски објекти не ги сами отстранат дивоградбите тој ќе ги отстрани преку фирма која победила на тендерот. Значи ќе руши во неговиот двор а преку 700 дивоградби што имаат решение за рушење од одамна нема да ги чепне. Ако обеќал да руши нека руши се бидејќи се се тоа дивоградби, но дали со тоа ќе заврши она што го вети на советот кога сдс советниците го подржаа. Јас мислам дека нема, дека се ќе заврши само во Трговскиот центар. Бидејќи ведето градоначалник додека беше советник сакаше да поставува по неколку прашања на градоначалниците еве и јас сега сакам да ми одговори на моите прашања.
1.Дали на жителите во касарната инаку блиски на неговиот подржувач во советот уште ќе им ја плаќаме електричната енергија од наши пари преку градското осветление иако имаше договор да им се плаќа до февруари додека беше студено, или сега кога е топло мора да им го плаќаме разладувањето.
2.Дали тие од касарната ќе ги иссели како што обеќа на советот или од тоа нема да има ништо.
3.Дали ќе ги руши дивоградбите од старата фабрика па се до над објектот дека сега е сместена противпожарната служба или и од тоа нема да има ништо за да не загуби гласови есента.
4.Дали сето ова ведето ќе го заврши во предвидениот рок или ќе продолжи да се слика, да шета на сметка на жителите на Кочани а решавањето ќе го остави за после изборите доколку победи.
5.Дали рушењето на овие од трговскиот центар му е замерка што не сакале да го финансиски подржуваат Осогово во време кога тој бил претседател на клубот.
6.Дали ќе бара мандат од граѓаните на наредните локални избори.
Еве нека одговори на овие прашања преку соопштенијата кои сака да ги дава од неговата канцеларија.
На вас од порталот ви благодарам за отстапениот простор.
Поздрав до сите чесни жители на Кочани“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ