Пред две седмици Општина Кочани соопшти дека реконструкцијата на улицата „Бел камен“ во Кочани е завршена. Ништо спорно, добро завршена работа за жителите на таа улица бидејќи некои нивни проблеми остануваат минато.
Денес од жител на улицата „Бел камен“ инаку наш редовен читател добивме краток допис во кој се вели:
„Конечно реконструкцијата на нашата улица е завршена. Се е точно како што пишува во соопштението, и за должината на улицата и за ширината. За дебелината на асфалтните слоеви не тврдам бидејќи тие си мереа и верувам дека е така. Но мене искрен да бидам ме збуни делот каде што пишува, – атмосферската канализација ќе се доработи со вградување на сливни решетки изработени од полимер-бетон, со што дополнително ќе се подобри ефикасноста на одводнувањето и заштитата на коловозната конструкција. Значи улицата за да се постават сливните решетки ќе мора пак да се прекопува. Улицата повторно ќе заличе на градилиште, значи пак копање, прашина и пари фрлени во магла. Не знам дали грешам ама знам дела овде куќа се градеше од кров кон темелите“.

С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
