Денес волонтерите од Сапорт Кочани остварија средба со претставници на Кралството Шведска и Europe House каде тема на разговорите беше трагедијата што пред неполни три месеци го потресе не само Кочани, туку и поголемиот дел од регионот. Се разговараше за повредените на кои сега и те како им е потребна помош на нив и на нивните семејства околу понатамошното лекување, а беа отворени уште неколку прашања.
„Денес не посетија претставници од амбасадата на Кралството Шведска и Europe House. Договорено е Кочани да биде домаќин на седумчлена делегација од Гетеборг кои ќе го пренесат своето искуство од слична трагедија – пожар во дискотека што и во нивното општество оставило вакви длабоки траги“ беше објавата на страната на Support Kocani.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ