Како една од точките од Дневниот ред на следната 25-та седница на Советот на Општина Кочани ќе биде и Предолг Одлика за утврдување на просечни цени на градежно земјиште и земјоделско земјиште за подрачјето на Општина Кочани за 2023 година.
Врз основа на член 36 став 1 точка 15 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Република Македонија“ бр. 5/2002 година),a во согласност со член 12 и 13 од Методологијата за процена на пазарна вредност на недвижен имот (Сл.весник на РМ бр. 54/12,17/13,21/13 и 142/2014 ), Советот на Општина Кочани на седницата одржана на ден __________година, донесе:
Одлука
за утврдување на просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023
Член 1
Со оваа одлука се утврдуват просечните цени на градежното и земјоделското земјиште за подрачјето на општина Кочани за 2023 година а врз основа на просечната цена од извршените купопродажби во 2022 година. Истата е во согласност со Одлуката за определување на пазарни зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани и разграничувањето по групи на населени места, по катастарски култури и категории на земјиште Кочани 09-300/1 од 30.01.2019 и Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за определување на зони и пресметковни бодови за утврдување на пазарната вредност на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани згради и други градежни објекти кои се изградени на подрачјето на општина Кочани бр.09-360/1 од 31.01. 2020 година
Член 2
Просечните цени на градежното и земјоделското земјиште за подрачјето на општина Кочани утврдени со оваа одлука се основа за пресметување на даноците на имот,наследство, подарок и промет на недвижности во управна постапка пред органите на општина Кочани
Член 3
Во долу наведените табели е даден преглед со пресметана просечна цена на градежно и земјоделско земјиште изразена во денари по метар квадратен:
Земјоделско земјиште запишано во Имотните листови за :
К.О. Кочани, К.О. Оризари, К.О. Прибачево, К.О. Грдовци,Мојанци, К.О. Г.Подлог, К.О. Д.Подлог, К.О. Мојанци, К.О. Тркање, К.О. Бели, К.О. Нивичани
1-ва класа | 2-ра класа | 3-та класа | 4-та класа
|
5-та класа | 6-та класа | 7-ма класа | 8-ма класа | неплодно | |
Оризна нива | 28 | 55 | 31 | 31 | 25 | 22 | 18 | 15 | – |
Ниви | 28 | 30 | 28 | 25 | 22 | 18 | 15 | 37 | – |
Интензивен
овоштарниk |
29 | 138 | 37 | 31 | 25 | 18 | 650 | 6 | |
Интезивни лозја | 49 | 43 | 37 | 31 | 21 | 4 | 25 | 18 | – |
Градини | 61 | 86 | 55 | 49 | 43 | 37 | 31 | 25 | – |
Ливади | 18 | 15 | 49 | 15 | 6 | 3 | 3 | 3 | |
Шуми | 18 | 15 | 6 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | |
Пасишта | 12 | 11 | 11 | 18 | 159 | 15 | 5 | 4 |
Земјоделско земјиште во ридско планинските подрачја запишано во Имотните листови за :
К.О. Пантелеј, К.О.Пашаџиково, К.О.Г.Градче, К.О.Црвена нива, К.О.Рајчани, К.О.
Јастребник, К.О.Полаки, К.О.Вранинци, К.О.Безиково, К.О.Пресека, К.О.Новосело, К.О.Костиндол,Речани,Главовица, К.О.Небојани
1-ва класа | 2-ра класа | 3-та класа | 4-та класа
|
5-та класа | 6-та класа | 7-ма класа | 8-ма класа | неплодно | |
Ниви | 31 | 22 | 18 | 15 | 12 | 9 | 9 | 52 | |
Интезивен
овоштарник |
31 | 28 | 25 | 22 | 18 | 15 | 28 | 9 | |
Интезивни
лозја |
55 | 49 | 43 | 37 | 31 | 25 | 18 | 12 | |
Градини | 31 | 25 | 18 | 12 | 6 | 6 | 6 | 6 | |
Ливади | 18 | 15 | 12 | 9 | 9 | 16 | 9 | 9 | |
Шуми | 55 | 15 | 18 | 15 | 5 | 150 | 9 | 9 | |
Пасишта | 12 | 11 | 10 | 8 | 21 | 21 | 5 | 4 |
- Градежно земјиште
ПРВА ЗОНА | 2460,00 денари |
ВТОРА ЗОНА | 1845,00 денари |
ТРЕТА ЗОНА | 882,00 денари |
ЧЕТВРТА ЗОНА | 452,00 денари |
ПЕТТА ЗОНА | 156,00 денари |
ШЕСТА ЗОНА | 9961 ,00 денари |
За земјоделското и градежното земјиште за кое по зони, групи на населени места, по катастарски култури и категории на земјиште на подрачјето на општина Кочани нема податоци за извршени купопродажби во текот на 2022 г.,просечната цена е определена врз основа просечниот надоместок за метар квадратен експроприрано земјоделско земјиште на подрачјето на општина Кочани и врз основа на споредбените податоци за земјоделското земјиште,шумите и пасиштата како и градежните земјишта кои се во промет во општините кои се соседни на општина Кочани.
Член 4
Со донесувањето на оваа одлука ќе престане да важи Одлуката за утврдување на просечни цени на градежно и земјоделско земјиште за подрачјето на општина Кочани бр ______ година објавена во Службен гласник на општина Кочани бр………
Член 5
Одлуката ќе се применува денот на донесувањето и истата ќе се објави во „Службен гласник на општина Кочани“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ