В понеделник, 16 јуни 2025 година, од 18 до 20 ч. во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани ќе се одржи јавна панел-дискусија на тема: Изградба на структури и механизми на поддршка и заздравување преку споделени искуства на добри практики.
Настанот е дел од програмата за поддршка за настраданите во пожарот во „Пулс“, со која седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска ќе споделува искуства, ќе гради модели на отпорност, солидарност и психосоцијално заздравување по трагичниот настан во Кочани.
Програмата е иницирана и поддржана од Амбасадата на Кралството Шведска и „Europe House“, а ја спроведува Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ со поддршка од Општина Кочани и Сапорт Кочани.
Општина Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ