РЕАЛИЗИРАНА ЕДУКАТИВНА РАБОТИЛНИЦА „СПОДЕЛУВАЊЕ ЗНАЕЊА ЗА ИГРАТА ШАХ ВО БИБЛИОТЕКА“

јуни 4, 2024
1 минути

Денеска во библиотека „Искра“ се реализираше едукативна работилница на тема ,,Споделување знаења за играта шах во библиотека”” во која учениците Јован Филипов, Драган Хаџи Василев, Филип Стојанов и нашата истакната шахистка Јована Давиткова, ученици во СУ ,,Гошо Викентиев” Кочани, Младинска организација „Авангарда“, со голем ентузијазам ги пренесоа своите знаење за играта шах на учениците од четврто одделение од ОУ,,Св.Кирил и Методиј” – Кочани.

Се користеа игровните задачи и содржини од книгата ,, Ајде да играме шах” од авторот Орце Данчевски.

Целта е библиотеката преку својот богат книжен фонд и во иднина да преставува достоен партнер во воспитно – образовниот процес, следејќи ги целите на Агенда 30 дадена од УНЕСКО, која го трасира современото библиотечно работење.

Наставници соработници во денешнава програма беа Илинка Г. Јосифовска, Лилјана Апостолова и Деница Златкова.

Вториот дел од едукативната програма ќе се реализира следната недела заедно со Шаховскиот клуб ,,Кочани” – Кочани. Преку книгата и креираните содржини се иницира афирмација на спортот како значаен сегмент во развојот на децата и младите посебно во насока на зачувување и јакнење на менталното здравје.

На самиот крај беше упатена порака до младите да ја посетуваат библиотеката и во текот на летниот распуст и заедно со библиотекарот да ја изберат омилената книга за читање.

Координатор на програмата,

Магдалена Кочовска Салтирова

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ