ЈАВНА РЕАКЦИЈА НА ОО СДСМ КОЧАНИ ЗА НАСТАНОТ НА СЕДНИЦАТА НА СОВЕТОТ

јуни 19, 2025
0 минути

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија – ОО Кочани најостро го осудува насилниот инцидент што се случи по денешната седницата на Советот на Општина Кочани, во кој беше повредена вработена во администрацијата на општината.

Без разлика на причините или провокациите, насилството никогаш не е и не смее да биде алатка за политички или лични пресметки. Социјалдемократскиот сојуз е и останува партија што се залага за дијалог, институционално делување и демократски однос, и постапките со насилство не се во духот, ниту во вредностите што ги застапуваме.

Иако советникот што го предизвика инцидентот не е наш член, туку на коалиционен партнер, јавно се оградуваме од неговото постапување и очекуваме надлежните институции целосно да го расветлат настанот.

Во Советот сме избрани да работиме за интересите на граѓаните, а не да предизвикуваме хаос и да нанесуваме штета.

Бараме итно смирување на тензиите и враќање кон демократски дискурс и одговорност.

ОО СДСМ – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ