Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани,
Насилство не се релативизира, насилство се санкционира.
На последната седница на Советот на Општина Кочани, советник – наместо со аргументи – настапи со пцовки, шише, физички напад, и ширење страв при што беше повредена вработена жена. Ова не е само инцидент. Ова е срам и кривично дело.
Нема демократија таму каде што владее насилство. Нема достоинство за институцијата ако се молчи пред напад на службено лице.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најостро го осудува нападот и поставува ултиматум:
Ве известуваме дека, нашата советничка група НЕМА да присуствува на седници на кои насилникот ќе настапува како “Општински Советник”
БАРАМЕ:
-Итна и безусловна Оставка од насилниот советник.
Кочани заслужува Совет каде се дебатира, не се удира. Советниците се избрани да говорат во име на граѓаните, не да молчат пред насилство.
Со почит,
СГ на ВМРО-ДПМНЕ Кочани
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ