СООПШТЕНИЕ ОД ОО НА СДСМ КОЧАНИ

февруари 11, 2022
1 минути

Државата продолжува да се грижи за земјоделците

Почитувани сограѓани,

Владата на Република Северна Македонија деновиве обезбеди парична помош на сите земјоделци чии посеви беа оштетени од поплавите кои ја зафатија нашата општина во август 2020-та година. Со 224-те поднесени барања се опфатени правни и физички лица чии оштетени градинарски култури опфаќаат површина од над 100 хектари земјоделско земјшите и за истите се исплатени вкупно 5 529 000 денари.

Поплавите нанесоа големи штети во атарот на селата Грдовци, Долни и Горни Подлог, Оризари, Прибачево, Тркање како и во околината на Кочани, а Владата предводена од СДСМ повторно,  неселективно, непристрасно, на секој еден земјоделец со уредно поднесена документација, излезе во пресрет и помогна.

Секогаш го слушаме гласот на земјоделците и секогаш бараме решение на проблемите.

Продолжуваме да ја зголемуваме поддршката, да правиме нови реформи, да го подобруваме пласманот, да имаме што пониски трошоци за произвдството.

Државата е должна секогаш да помага и да се грижи за своите граѓани!

 

Со почит,

ОО на СДСМ Кочани