И ВЛАТКО ИВАНОВ – ДИВИДИЈА ЈА ИСТАКНА СВОЈАТА КАНДИДАТУРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ОО НА СДСМ КОЧАНИ

јануари 18, 2022
0 минути

Како изминува оваа седмица така расте и бројот на кандидати за иден Претседател на ОО на СДСМ – Кочани.

Својата кандидатура за претседател на ОО на СДСМ – Кочани ја има поднесено и Влатко Иванов – Дивидија долгогодишен член на партијата.

Со неговата кандидатура бројката е веќе на четири кандидати а кој од нив ќе ја води во иднина ОО на СДСМ – Кочани ќе одлучуваат високите органи на партијата.

С. Ивановски