ВО НЕДЕЛА ЗАПОЧНУВА 53-ТОТО ИЗДАНИЕ НА „ИЛИНДЕНСКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ“

Во Спорт
јули 2, 2025
1 минути

Со натпреварот Чифлик-Тркање,  во  Недела  (06.Јули) со почеток во 17:30 часот и официјално стартува 53-тото издание на годинешните „Илинденски Спортски Игри“.

Годинава своето учество го пријавија осум екипи кои се поделени во две групи.

Во групата  А се екипите:

Чифлик, Тркање, Долни Подлог, Зрновци

Во групата  Б се екипите:

Соколарци, Чешиново, Облешево, Спанчево

По одигрувањето на натпреварите по групи се играат полуфиналните натпревари за да на Најголемиот Македонски празни Илинден на 02.Август закажано е големото финале.

Годинешниот награден фонд изнесува 210.000 денари од кои првопласираната екипа ќе добие 140.000 денари додека поразениот во финалето добива 70.000 денари.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ