Почитувани медиуми,
Во контекст на последните настани и инцидентот што се случи на последната седница на Советот, во кој советникот Аки Акиов изврши насилство и физички напад врз вработена, како Претседател на Советот чувствувам должност да реагирам соодветно и одговорно.
Советот е демократско тело избрано од граѓаните, а неговата работа мора да биде во служба на јавниот интерес, во духот на почит, дијалог и законитост. Насилството не само што е неприфатливо, туку е и директен удар врз интегритетот на институциите и довербата на граѓаните во нив.
Во таа насока, ги повикувам координаторите на советничките групи на итна координација, со цел:
-да се стави јавниот интерес на прво место и да се обезбеди нормално и безбедно продолжување на седницата
-да се постигне согласност околу процедурите што ќе гарантираат достоинствено однесување во иднина,
-и да се постави јасен институционален став кон вакви недозволиви постапки.
Ги повикувам сите политички субјекти да дејствуваат одговорно и да ја стават стабилноста на Советот и доброто на граѓаните пред партиските интереси.
Советникот вршител на должноста градоначалник е повикан на координацијата. Граѓаните очекуваат решенија, а не конфликти. Очекуваат зрелост, а не омраза. Секој обид за одбегнување на институционален дијалог или релативизирање на насилството ќе биде третирано како обид за попречување на работата на Советот. Состанокот за координација ќе се одржи на 09.07.2025 (среда) во 12 часот во салата за состаноци во Општина Кочани, а јавноста ќе биде информирана за заклучоците.
Со почит,
Лазо Митев
Претседател на Советот на Општина Кочани
07.07.2025
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ