ПРЕВЕНТИВНИ АКТИВНОСТИ: ПРВА ПОМОШ ВО СООБРАЌАЈОТ И АКТИВНОСТИ ЗА ТОПЛОТЕН БРАН

јули 9, 2025
0 минути

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани во соработка со Одделението за внатрешни работи Кочани, ПО за БПС Кочани и Општински совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа активност „Прва помош за учесниците во сообраќајот“ и превентивна активност за топлотен бран.

Полициски службеници ги сопираа возачите учесници во сообраќајот, додека доктор волонтер од Црвен крст Кочани ги поучуваше во врска со најчестите повреди во сообраќајни несреќи и укажувања за прва помош.

Волонтери обучени по прва помош практично им демонстрираа техники по прва помош на учесниците во сообраќајот и ги вкучуваа во укажуваа прва помош на симулирани повреди.ж

Воедно, беше поделена флаширана вода, флаери и совети за заштита од топлотен бран на населнието.

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ