Финишираат натпреварите на годинешните „Илинденски Спортски игри 2025“. Денес се одигра првиот полуфинален натпревар во кој екипата на „Облешево“ убедливо го совлада „Тркање“ со 4:1 и обезбеди место во големото финале.
Вториот полуфинален натпревар е закажан за утре (Четврток) во кој се среќаваат екипите на „Долни Подлог“ и „Соколарци“. Натпреварот започнува во 18:00 часот.
Големото финале на 53-тото издание на „Илинденските Спортски Игри 2025“ е закажано на најголемиот Македонски празник Илинден.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ