ДО 23 ФЕВРУАРИ Е ОТВОРЕН КОНКУРСОТ ЗА СТИПЕНДИИ ЗА СПОРТИСТИ НА КОЧАНИ

Во Спорт
февруари 16, 2022
1 минути

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување стипендии на спортисти – спортска надеж, за остварени спортски резултати и достигнувања во 2021 година.

Право на стипендија имаат кандидатите кои се жители на општина Кочани, на возраст од 17 до 20 години, кои се членови на спортски клуб, друштво или асоцијација регистрирана во Агенцијата за млади и спорт со решение за вршење дејност спорт и членови на национални спортски федерации кои реализираат национални спортски систем на натпревари и учествуваат во меѓународни натпревари за возрасни категории до 20 години.

Од оваа година, за првпат наместо една ќе се доделуваат две спортски стипендии – за спортист и за спортистка, а рокот за користење на стипендијата е продолжен на десет месеци, со исплата од март до декември 2022 година. Месечниот износ на стипендијата е три илјади денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Кочани.

Оваа стипендија не може да се доделува на исто лице два пати последователно, односно во две последователни календарски години, освен ако е поднесена само една прифатлива пријава за стипендија.

Рокот за поднесување на пријавите е до 23 февруари 2022 година до 15:30 часот.

Целосната објава со условите, критериумите, потребната документација и начинот за поднесување на пријавите за доделување на стипендијата се објавени на веб-страницата на Општина Кочани.

Општина  Кочани