„БАСКЕТ ДИНО“ ДОМАЌИН ВО ВТОРОТО КОЛО ОД ТРЕТА КОШАРКАРСКА ЛИГА – ГРУПА 1

Во Спорт
октомври 21, 2022
0 минути

Во Сабота и Недела продолжуваат натпреварите од Трета Кошаркарска Лига – Група 1. Се играат натпреварите од второто коло во кое кошаркарите на „Баскет Дино“ по убедливата победа во Струмица на стартот на првенството, ќе имаат можност да им се претстават на своите навивачи.

Натпреварот се игра во Недела со почеток во 19:00 часот во салата „Сашо Лазарев – Чапо“  а „Баскет Дино“ ќе ја пречека екипата на „Овче Поле“.

Ајде сите на кошарка

С. Ивановски