В среда, 27 август 2025 година, со почеток во 12 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи 67. седница. На предлог-дневниот ред се следниве точки:
- Извештаи за работењето на општинските основни училишта за учебната 2024/25 година
- Годишни програми за работа на општинските основни училишта за учебната 2025/26 година
- Полугодишна информација за состојби и услови во кои се одвиваше работата на ОВР – Кочани за првото полугодие од 2025 година
- Годишен план за вработување на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани за 2026 година
- Годишен извештај за работењето на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2024/25 година
- Годишна програма за работа на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани за 2025/26 година
- Годишен план за вработување за 2026 година во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Давање согласност за згрижување поголем број деца во воспитни групи во ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Предлог-одлука за утврдување на работното време на ЈОУДГ „Павлина Велјанова“ – Кочани
- Годишен план за вработување на Општина Кочани за 2026 година
- Годишен план за вработување на ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Св. Кирил и Методиј“ за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Раде Кратовче“ за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Малина Попиванова“ за 2026 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ с. Оризари – Кочани за 2026 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2026 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани за 2026 година
- Давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските средни училишта
- Давање согласност за формирање паралелка со продолжен престој во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ – Кочани
- Извештај за финансиското работење на КЈП „Водовод“ – Кочани за периодот од 01.01. до 30.06.2025 година
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП 6.50.01 во Детален урбанистички план ГЧ 6 од ГУП за град Кочани, тех. бр. 0801/465-17, донесен со одлука бр. 09-795/1 од 22.04.2024 г.
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б48.16, (КП 10734/2 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани (донесен со одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Предлог-одлука за вршење техничка исправка на урбанистички план на нумерички податоци за ГП Б9.22, (КП 10208/6 КО Кочани) од Измена и дополнување на ДУП на град Кочани (донесен со одлука бр. 07-138 од 16.07.1998 г.)
- Предлог-одлука за проширување на планскиот опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 5683 КО Кочани, изградени надвор од плански опфат
- Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 13298/2 КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврден во важечката урбанистичко-планска документација
- Предлог-одлука за проширување на плански опфат во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградени објекти на КП бр. 861/5 и КП бр. 3473 КО Тркање, кои се изградени надвор од планскиот опфат
- Предлог-одлука за неусогласување на намените во идната урбанистичко-планска документација за бесправно изградените објекти на КП бр. 4738/1 КО Кочани, чија намена не е во согласност со намената на земјиштето на кое е изграден објектот утврден во важечката урбанистичко-планска документација.
Седницата ќе се одржи во салата во Мултикултурниот центар, на вториот кат.
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ