ВО КОЧАНИ ОТЧЕТ – 100 ДЕНА ОД СРАБОТЕНОТО НА ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ РЕГИОН

февруари 15, 2022
1 минути

Денес, во Кочани, во салата на „Мултикултурниот Центар“ Градоначалниците од источниот регион на организираната трибина од ВМРО ДПМНЕ поднесоа отчет за сработеното во изминатите 100 дена, поточно 100 дена како се дојдени за први луѓе на Локалните самоуправи.

На трибината под мотото „Промени што носат иднина“ најпрвин свое обраќање имаше  Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ.

Најпрвин за сработеното во првите 100 дена имаше градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов а веднаш по него и градоначалникот на Општина Виница Миле Петков.

На трбината уште зборуваа и градоначалниците на општините: Чешиново-Облешево – Далибор Ангелов, Зрновци – Борчо Коцев, Македонска Каменица – Димче Атанасовски, Пехчево – Александар Китаноски, Ранковци – Борче Спасовски, Штип – Иван Јорданов и Карбинци – Виктор Псунов.

С. Ивановски