До порталот komarec.com.mk од наш читател пристигна писмо кое го пренесуваме во целост
„Политувани, ќе ве замолам ова писмо обавезно да го објавете бидејќи она што се случува за време на пазарен ден на самиот пазар и во средите во попладневните часови е само кражби на секој чекор.
Продавачите на црвени пиперки не да ги крадат муштериите туку им наплатуваат многу повеќе од она што им го нудат како прво. Мината среда еден комшија ми се пожали дека купил две кутии црвени пиперки измерени на вагата пред него. Но кога отишол дома констатирал дека бил измамен и дека му се продадени близу 9 килограми помалку од она што покажала вагата. Ток не е единствен случај, такво нешто доживеале повеќе купувачи и не само оваа година, туку и во годините претходно.
И кражбите на лица се честа појава. Минатиот честврток на еден купувач на пазарот е украден телефон а на друга паричникот. Се е тоа организирано.
Еве лично прелу овоа писмо јас ги молам надлежните од полицијата и инспекторите пазаришни од општината заедно да направат акција, да ги проверат вагите а и да додека трае пазарот внимават да не се нешто на некого пак украде.
Ова го пишувам бидејќи луѓето се на крајот на нервите на овој арамилак и може да се случи и физички контакт доколку не се заштитат купувачите и граѓаните кои излегле да си пазарат.
Благодарност до вас и се надевам дека писмото ќе го објавите. Ваш читател“
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ