Во врска со паушалното и сензационално известување од страна на дел од националните и регионалните медиуми во текот на денешниот ден- 06.07.2026, а поврзано со судскиот процес за
несреќата во дискотеката “Пулс”, ја известувам јавноста дека изнесените наводи се нецелосни, неточни и извадени од контекс.
Почитувани, некои поедини медиуми пласираа неточни информации, некоректни формулации и невистини за телефонската комуникација каде се споменува лице под називот “Началничка
Марија” не водејќи сметка за објективноста и мојот интегритет како спомената во текстовите.
Категорично ги отфрлам сите инсиуции дека сум била дел од било каква комуникација или активности поврзани со наводни дојави за полициски контроли или други незаконски постапувања. Сето ова е утрдено од анализата на телефонската комуникација , како и вешто
мислење каде e наведено: “не се забележани податоци со инкриминирачка содржина во врска со ПУЛС или други кривични дела”. Анализата на телефонската комуникација беше прикажана на
јавноста и на медиумите на денешното судење.
Затоа ги замолувам и апелирам до медиумите при спомнување на моето име, да настапуваат со јасни, целосни и проверени факти, бидејќи во спротивно создаваат погрешна перцепција во јавноста, со што се нанесува директна штета за врз мојот интегритет. Истите да постапуваат одговорно и да објавуваат целосни и проверени информации, особено кога се наведуваат конкретни лица бидејќи создаваат нереална слика за поединци.
Согласно законските обврски и во интерес на објективното информирање и вистината, ве замолувам како медиум овој демант да биде објавен во целост.
Со почит, Кочани
Марија Маневска 06.07.2026
