СЕПТЕМВРИСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 38 КРВНИ ЕДИНИЦИ

септември 25, 2025
1 минути

Црвен крст на Р.С. Македонија – Општинска организација Кочани ја реализираше редовната септемвриска акција за дарување на крв.
На акцијата крв даруваа 38 крводарители од кои 12 млади лица до 30 години и еден првократен дарител.


Акцијата е 15-та што ја спроведува Црвен крст Кочани во тековната година и истата се одржа со поддршка на екипа од Институтот за трансфузиона медицина – Штип.


Крводарителите може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина Кочани или секој последен четврток во месецот во Црвен крст Кочани.

Црвен крст Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ