Денес и официјално започна кампањата од првиот круг за претстојните „Локални избори 2025“.
Гласачите од Општина Кочани на „маса“ добија шест кандидати за Градоначалник и девет Советнички листи за кои ќе можат да гласаат на 63-те избирачки места од кои на 4 има помал број од 10 гласачи.
Кампањата од првиот круг завршува на 17 Октомври, два дена пред гласањето што сепак е доволно време да ги слушнат програмите и на кандидатите за Градоначалник и од предложените на листите за советници.
Кочанчани добро знаат што и е потребно на општината затоа и ќе бидат трпеливи да слушнат па тогаш да го дадат својот глас.
Вториот круг на гласање е закажан за 02. Ноември.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ