НА МИТИНГ ВО КОЧАНИ ПРЕТСТАВЕН КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СДСМ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ

април 18, 2024
0 минути

Вечерва во „Паркот на Револуцијата“ Кочани се одржа митинг на кој беше претставен претседателскиот кандидат предложен од СДСМ, Стево Пендаровски.

Пред своето обраќање Пендаровски ги потсети граѓаните дека од денес од денес и официјално започна парламентарната кампања за претстојните Парламентарни избори 2024.

Во своето обраќање пред кочанчани, Пендаровски ги потсети што се се постигна со влегувањето во НАТО како и дека благодарение на храброста и на полтиката на власт се отворија вратите на ЕУ.

„Со договорите што ги постигнавме, на долг рок ја загарантиравме иднината на Македонија. Влеговме во НАТО и ги отворивме вратите на ЕУ. Ниту една власт претходно немаше политичка храброст, а нас ни беше на прво место. Во нивно време, на меѓународен план земјата беше комплетно изолирана, без стратешки пријатели, раскарана со соседите. Не смееме повторно да се враќаме назад, затоа што граѓаните сакаат убав и спокоен живот дома. Знам дека на 24 април тие ќе го одберат бројот 1, за европски развој на земјата“, рече Пендаровски.

На крајот уште еднаш ги повика масовно да излезат на 24 април и да го заокружат бројот 1 кој гарантира европски развој на земјата.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ