НА МИТИНГ ВО КОЧАНИ ПРЕТСТАВЕН КАНДИДАТОТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВМРО ДПМНЕ ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА – ДАВКОВА

април 7, 2024
0 минути

Вечерва  во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани под мотото „Македонија повторно горда“ се одржа митинг на кој беше претставен претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

Пред присутните граѓани на Кочани најпрвин свое обраќање имаше членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ Драган Ковачки.

Потоа се обрати претседателскиот кандидат предложен од ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова.

Таа потенцираше дека тезата едно општество за сите е целосно погрешна и недолична. „Сведоци сме дека имаме општества и тие не живеат заедно, затоа што лидерите на тие општества склучуваат договори врз основа на бизнис политика.“ рече Силјановска па продолжи  „Ви ветувам дека како што достојно сум се однесувала во образованието, како што сум ги почитувала студентите, сум им се посветувала, сум сочувствувала, сум ги учела и сум учела од нив, така ќе се однесувам и со политичката функција“.

Во своето обраќање Силјановска порача дека во Македонија е време за четврти Илинден и за четврта Македонска република

На крај присутните ги поздрави и воедно им се обрати Христијан Мицкоски – Претседател на ВМРО ДПМНЕ.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ