Во организација на Боречката Федерација на Македонија и Боречкиот Клуб „Борец“ од Велес, денес во градот на Рацин се одржа Меморијален меѓународен турнир во борење „Љубомир Коцев – Листон“.
БК „Спартак“ на турнирот учествуваше со пет борачи кои освоија четири медали од кое две златни, еден сребрен и еден бронзен, додека еден од борачите на „Спартак“ го освои петтото место.
Едис Билалов во категорија до 52 килограми и Јован Илиев во категорија до 65 килограми се освојувачи на златните медали, сребрениот го освои Матеј Максимов во категорија до 81 килограм додека сребрениот се најде на градите на Џејсон Горгиев во категоријата до 57 килограми.
Давид Златков во категоријата до 41 килограм беше петти. Екипата на „Спартак“ ја водеше тренерот Иван Јанев, додека Гоце Ангелов ја делеѓе правдата на душекот.
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ