РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ПРИСТИГНАА ВО КЛУЖ НА БАЛКАНСКОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ

Во Спорт
октомври 6, 2025
1 минути

Македонската репрезентација во борење од утринава е во Клуж (Романија) каде по денешното задолжително мерење на учесниците од утре ќе започнат да се натпреваруваат на Балканското првенство во борење У-15, У-17 и У-20.

Кланското борење ќе биде застапено од тројца членови на БК „Спартак“: Даријан Павлев како натпреварувач во У-15 категорија до 68 килограми, Зоран Сребренов како тренер на У-15 и Гоце Ангелов како судија.

„Ова е добра прилика да  дојдам до посакуваниот резултат. За време на летниот период додека другите се одмораа јас работев во салата во Кочани. Спремен сум и се надевам дека и ждрепката нема да ми го сврте грбот како на некои претходни натпреварувања. Полн сум со доверба во моите квалитети и ќе се обидам да дојдам до една од медалите“ рече Павлев пред заминување за Клуж.

Балканското првенство завршува на 12 Октомври.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ