КОЧАНЧАНКИ ПРОДОЛЖУВААТ СО ПОБЕДОНОСНИОТ ЧЕКОР

Во Спорт
ноември 28, 2021
0 минути

Младата и полетна екипа на ЖФК „Кочани“ продолжува победоносно да чекори во Втора Фудбалска Лига – за жени. И во третиот натпревар кочанчанки одиграа сигурно и ефикасно.

Во рамките на четвртото коло (еден натпревар не се одигра) ја забележаа и третата последователна победа и тоа повторни без примен гол.

Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски денес како гости ја совладаа екипата на „Кул Здравје“ со 5:0 (3:0) а стрелци на головите беа Ана Горгиева и Андреа Донева по 2 и Лаура Јанева 1.

Во следното коло „Кочани“ ја пречекува екипата на „Тиквешанка“.

С. Ивановски