ПРВА ПОБЕДА ЗА ДЕВОЈЧИЊАТА НА „КОЧАНИ“ ВО ПРВОЛИГАШКАТА КОНКУРЕНЦИЈА

Во Спорт
октомври 12, 2025
1 минути

Во последното коло од првиот дел на првенството во Прва Фудбалска Лига за жени конечно девојчињата на „Кочани“ и се израдуваа на првата победа во оваа конкуренција.

Денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ со погодоците на Стојковска во 30’ и 45’ успеаја да ја совладаат екипата на „Топ Гол“ со 2:1 (2:0).

Ова е втора последователна победа за девојчињата на тренерот Оливер Јовановски. Тие во средата како гости ја минаа пречката од првото коло во Фудбалскиот Куп на Македонија откако во Охрид ја совладаа екипата на „Билјанини извори“ со резултат 4:2 (3:1).

Викендот после Локалните избори започнува вторио круг а кочанчанки ја пречекуваат екипата на „Скопје 2014“.

Резултати од 9-тото коло:

Кочани – Топ Гол  2:1

Истатов – Речица  3:0

Каменица Саса – Скопје 2014  0:2

Ас Јунајтед – Брера Тиверија  1:2

Вардар – Љуботен  0:3

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ