Фолклорниот ансамбл “Љупчо Сантов” од Оризари, во раните утрински часови отпатува на 5 дневна турнеа во Германија.
На покана од КУД “Македонија” од Уна, во близината на Дортмунд, (Германија), ансамблот на 25-ти октомври ќе биде дел од повеќечасовната јубилејна програма по повод 30 години постоење на КУД “Македонија”.

Средствата за патните трошоци се обезбедени од Министерството за култура и туризам, сопствено учество на членовите на ансамблот и неколку спонзори.
Ансамблот ќе настапи со изворен фолклор, инструментални изведби со тапани и тамбура, песни и уметнички ора во три блока со времетрање од 40 минути.
Слободното време ќе биде искористено за дружење, прошетки и други активности со домаќините од Уна, Германија.

ФА „Љупчо Сантов“ – Оризари
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
