„АНТУРА“ ДОНИРАШЕ КЛИМА УРЕДИ ЗА НУЦК „БЕЛИ МУГРИ“ – КОЧАНИ

април 13, 2022
1 минути

Почитувани,

Со задоволство Ве известуваме дека компанијата ” Антура MК ” изврши донација на клима уреди за малата сала во Националната установа – Центар за култура ” Бели мугри ” – Кочани.

Во оваа сала се одвиваат првенствено пробите на Фолклорниот ансамбл и Оркестарот за изворни народни песни и ора но исто така е место и за други културни настани.

Како општествено одговорна компанија уште еднаш ја докажа својата големина и одговори на нашите барања.

Им благодариме на нивната несебичност.

НУЦК „Бели мугри“

К  о ч а н и