ОДБЕЛЕЖАН НАСТАНОТ „ЖЕНАТА И УМЕТНОСТА“, ПРЕТСТАВЕНО ТВОРЕШТВОТО НА МАРИЈА ДОНЧЕВА

март 8, 2023
1 минути

Во пресрет на 8-ми Март Меѓународниот ден на жената, во просториите на ЈОУ Библиотека „Искра во Кочани“ беше одбележан настанот со наслов „Жената и уметноста“ што воедно беше претставување на творештвото на Марија Дончева.

Најпрвин беа промовирани двете нејзини збирки поезија „Отпуштање“ и „Бакната“ а потоа беше претставена изложбата на рачно изработени накити од полимерна глина од која посетителите беа воодушевени.

„Вакви културни манифестации му се потребни на Кочани. Сакам да го поздравам оној што осмислил овој  настан да се случи токму во пресрет на празникот на жената. И промоцијата на делата а посебно изложбата на накити беше она кое мене лично ме воодушеви“ беше коментарот на една од посетителките на настанот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ