УТРЕ (ВТОРНИК) ВОНРЕДНО КОЛО ВО ВТОРА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Во Спорт
ноември 3, 2025
1 минути

За утре (Вторник) со почеток во 13:30 часот закажани се натпреварите од 11-тото коло во Втора Фудбалска Лига.

„Осогово“ ја пречекува „Победа“ (Прилеп) во натпревар во кој победата е императив за „жетварите“.

Кочанчани засега се во сигурната зона но со новата победа ќе се искачат неколку скалила погоре на табелата а и ќе имаат мирна завршница до крајот на есенскиот дел од сезоната.

Во Виница доаѓа еден од претендентите за највисок пласман „Брегалница“, додека екипата на „Каменица Саса“ ќе гостува кај еден од дебитантите во втората лига „Големо Коњари“.

Двојки за 11-тото коло:

Осогово – Победа

Охрид – Тетекс

Скопје – Преспа

Големо Коњари – Каменица Саса

Детонит Плачковица – Новаци

Слога 1934 – Брегалница

Беласица – Вардар (Н)

Шкендија (А) – Кожуф

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ