Афродита Салихи, расниот голгетер и еден од најдобрите играчи во Македонија кога е во прашање женскиот фудбал веќе неколку месеци е надвор од зелените терени. По неколку години играње во други клубови минатото првенство се врати во Кочани со цел да помогне ЖФК „Кочани“ да се врати во најелитното натпреварување во Македонскиот женски фудбал. Благодарение на нејзините погодоци во второлигашката конкуренција а ги постигна 53, ЖФК „Кочани“ се врати во Првата Фудбалска Лига за жени. Но само по неколку кола Салихи заработи тешка повреда, ги скина лигаментите и повеќе од два месеци е надвор од фудбалот.
Денес ни испрати писмо во кое ја изнесе целата вистина околу нејзината повреда и односот на луѓето од ЖФК „Кочани“ спрема нејзе.

„Разочарана сум од клубот а посебно од неговата управа што по повредата заборавија на мене, ме оставија на цедило и ако се направив за Кочани. Дојдов да играм, им помогнав да се вратат таму каде што треба и каде што припаѓаат, во првата лига. Кога се пензионирав од Репрезентацијата решив повеќе да не играм фудбал. но ми се јавија од Кочани ме замолија да помогнам а бидејќи ме врзуваат убави спомени за овој клуб и градот Кочани веднаш прифатив. Во настапите во првата лига се повредив скинав лигаменти, сега немаат повеќе корист од мене, до денес не ме ни прашаат како сум и дали имам потреба од нешто. Единствено побарав ако ништо друго барем да ургираат доктор да се обезбеди за да се забрза со операција. Кога побараа да потпишам за Кочани и градоначалник и селекторот на женската репрезентација не ги одбив, веднаш прифатив за да сега кога мене ми треба помош никого од нив нема. Имам многу убави спомени во Кочани, но луѓето секогаш се паметат за жал на крајот. Да бидам искрена не го очекував ова од нив. Веќе два ипол месеци сум повредена, чекам да ме викнат за операција за жал сите што ме тапкаа по рамо и ветуваа дека ќе биде се во ред да не се секирајм сега ги нема. Кога ќе ми кажеа порано фудбалерки повредени дека клубот не им помагал се чудев, се додека не осетиш на своја кожа нема да знаеш. Ги советувам сите девојчиња што подалеку од женскиот фудбал во Македонија. Те сакаат само додека имаат корист, клубовите не се замараат за ништо. Единствен клуб во мојата долга кариера кога сум се и полесно повредувала терапиите и се останато ми ги плаќаше женскиот фудбалски клуб Скопје. Сепак им благодарам на ЖФК Кочани, јас со чисто лице завршувам таму, моето име ке се памети таму а нивната слика поради вакви работи ке трае долго во мене. Им ддадов се а за возврат не добив ништо“.

КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
