ЖИТЕЛИ ОД УЛИЦАТА „КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ БАРААТ ПОМОШ ОД ОПШТИНАТА

мај 8, 2023
0 минути

Жители од улицата „Кирил и Методиј“ како што истакнаа бараат помош од надлежните во општината за да им се решат проблемите кои како што истакнаа не им гарантираат некоја безбедност.

Првиот проблем е шахтата веднаш после првиот свиок над кочанската црква. Како што рекоа шахтата е прениско поставена од горниот слој на асфалтот па е еден поголем проблем за возачите бидејќи минувањето врз неа им создава понекогаш и оштетување на возилата.

Вториот проблем како што истакнаа се скалите кои од улицата „Кирил и Методиј“ водат кон улицата „Илинденска“ а се на само неколку метри од црквата. Околу скалите веќе е создадена бујна вегетација а како идат топли денови се плашат како и минатите години да не имаат пак блиски средби со змиите кои излегуваат од токму таа вегетација.

Едноставно ги замолуваат надлежните доколку се во можност во што пократок временски рок ја поправат шахтата а од КЈП „Водовод“ бараат да ја средат околината на скалите за да не биде потоа доцна.

Фотографиите што ги користиме се токму од жители на улицата „Кирил и Методиј“.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ