На 28.02.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Кочани, вработени во менувачница на ул.„Тодосија Паунов“ во Кочани пријавиле дека Л.П.(50) од с.Зрновци, при размена на банкноти, пуштила во оптек една сомнителна банкнота од 100 евра. Л.П. била повикана во Полициската станица Кочани, од неа била одземена банкнотата и предадена на вештачење за понатамошна постапка.
Се работи на расчистување на случајот.
ИЗВОР: Дневни билтени од СВР Штип