ДОБРО Е, ЈА ИСПРАВИЈА ГРЕШКАТА И ДЕЛ ОД УЛИЦИТЕ ПОЧНАА ДА СЕ ЧИСТАТ

август 24, 2022
1 минути

Кога политиката ќе ги вмеша прстите секаде некои работи почнуваат да одат во погрешен насока. Имено, изминатите години се научивме колку-толку улиците да ни бидат многу почисти од оние кои секојдневно ги гледавме по завршувањето на локалните избори. Една од причините беше смената на раководителот на одделението за одржување хигиена на улиците низ градот Аки Акиов.

Неговиот наследник (јавноста уште не е запознаена со неговиот идентитет) почна да се однесува како граѓаните да постојат поради него а не дека тој е на тоа место токму поради нив. Секојдневно почнаа да пристигнуваат фотографии од нечисти улици, обрасната трева по тротоарите, фрлање на сметот во одводните канали, едноставно голема разлика за нечистотија во споредба со последните неколку години.

Одговорните во КЈП „Водовод“ и во Локалната самоуправа по се изгледа навреме ја увидоа својата грешка па под итно деновиве Акиов беше повторно вратен на раководното место со таа разлика за да има „мир во куќата“ нему и на неговата екипа и е доделена левата страна од Кочанска река, додека десната останува на раководителот и неговата екипа што беше назначена по Локалните избори.

Денес добивме повеќе фотографии од граѓани кои се направени од двете страни на реката.

Двете фотографии каде се гледа високо обрасната трева се направени на новото шеталиште кон рекреативниот центар „Бавчалук“ а другите на улицата „Раде Кратовче“ и се дел од денешната акција за чистење на споменатата улица.

Најдобро од се е што грешката е исправена и улиците почнаа етапно да се чистат, сега засега само од левата страна на реката.

С. Ивановски