ПРОДОЛЖУВА ЧИСТЕЊЕТО И УРЕДУВАЊЕТО НА ЈАВНИТЕ И НА ЗЕЛЕНИТЕ ПОВРШИНИ ВО КОЧАНИ

ноември 19, 2025
0 минути

Деновиве продолжуваат активностите за чистење и уредување на јавните и на зелените површини во Кочани.

Искосен и уреден е обраснатиот кеј во коритото на Кочанска Река како и пешачките патеки во околината на месноста Бавчалук.

Теренски активности за собирање на натрупан смет се спроведоа во новиот комплекс  згради во населбата Текешински Лозја.

Комуналните служби апелираат за совесно однесување на сите граѓани и личен придонес во одржувањето на јавната чистота во Кочани.

Општина  Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ