Поради обилните врнежи од дожд што ја зафатија целата земја и немањето услови за нормално одигрување на натпреварите на неколку терени ширум државата, ФФМ донесе одлука за одложување на пет натпревари кои ќе се одиграат една седмица пред стартот на Пролетниот дел на првенството во Втора Фудбалска Лига, односно на 14 Февруари 2026 година.
Засега се одложени натпреварите:
Осогово – Новаци
Детонит Плачковица – Скопје
Слога 1934 – Охрид
Кожуф – Вардар (Н)
Големо Коњари – Тетекс
Колку е исптавна оваа одлука на ФФМ да не се играат 5 од закажаните 8 натпревари времето ќе покаже.
Дали со ова се довадува во прашање регуларноста на првенството?
С. Ивановски
КОМЕНТАРИТЕ СО НАВРЕДЛИВА СОДРЖИНА И ВУЛГАРНОСТИ ЌЕ БИДАТ ИЗБРИШАНИ А НИВНИТЕ АВТОРИ БЛОКИРАНИ
