ПСБПС СО ЕДУКАТИВНО-ПРЕВЕНТИВНА КАМПАЊА „СТАВИ ПОЈАС – СЕКОГАШ ПРИ СЕКОЕ ПАТУВАЊЕ“

декември 2, 2025
1 минути

Денеска (02.12.2025) во Кочани, полициски службеници од Полициската станица  за Безбедност на патниот сообраќај Кочани, одржаа едукативно-превентивна кампања на тема: „Стави појас-секогаш при секое патување“, којашто има за цел, подигање на свеста за употребата на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците. На тема „Не користи пиротехнички средства“, полициски службеници од ОВР Пробиштип и лекар по општа медицина реализираа средба со учениците од Подрачното озновно училиште „Кирил и Методиј“ во Злетово. Основната цел на предавањето е учениците да развијат поголема свесност за ризиците и последиците од користењето петарди и други пиротехнички средства, како и законската регулатива во однос на неовластеното користење и употреба на пиротехнички средства. Во истото училиште се зборуваше и на тема „Булинг и меѓуврсничко насилство”, каде учениците беа запознаени со видовите на булинг, причините за нивна појава, начинот за нивно детектирање, санкции и мерки за превенција од булинг и меѓуврсничко насилство. Додека, во централното градско подрачје на Берово, полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Берово спроведоа превентивна активност за подигање на свеста кај возачите за користење зимска опрема.

Дневен билтен на МВР

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ  А  НИВНИТЕ  АВТОРИ  БЛОКИРАНИ